МИЦКОСКИ СМЕТА ДЕКА Е ПОЛИТИЧКА ПРЕСМЕТКА: Амнестија за осудените на 81 година затвор, Села да не поддржи

/ 05.07.2018

Имаме не еднаков аршин во изнесувањето на судските пресуди, денеска имавме таков пример имаме луѓе кои што се осудени на вкупно 81 година затвор, а во Охрид се случи убиство каде што човекот кој што го направил тоа е осуден на пет години затвор, истакна вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, неколку часа по донесување на пресудата со која судијката Славица Андреевска изрече казан од над 80 годинин затвор за седум лица и тоа:

Кире Ѓорѓиевски 13 години, Андреј Мицов 10 години и шест месеци, Оливер Ошавковски 10 години и шест месеци, Николче Димитриевски 10 години и шест месеци, Александар Јаневски – Тошта 13 години, Никола Војминовски 13 години и шест месеци и Коста Делев 10 години и шест месеци.

-Да не зборувам за сите овие не разоткриени случаи на убиства по скопските улици, за сите оние тероризирања, обиди за убиства кои што се случуваат, пресметки со ножеви и така натаму, а сите тие се квалификувани како насилство, е сега овој случај се темели на тоа дека имаме пресуда која што е еднакво на 81 година затвор. Во оваа прилика ја информирам македонската јавност како претседател на ВМРО-ДПМНЕ пред партиските органи ќе предложам и ќе побарам поддршка од страна на извршниот комитет да изработиме амнестија за овие луѓе бидејќи очигледна е политичката пресметка, а не докажувањето на кривичното дело и доколку добијам поддршка откако ќе се изработи овој закон и истиот ќе биде доставен до Собранието ќе побарам поддршка од страна на Зијадин Села да го поддржи истиот закон, рече Мицкоски.

Тој уште еднаш додаде дека станува збор за политичка пресметка и притисок врз ВМРО-ДПМНЕ и врз семејствата на тие луѓе.


Од истата категорија