Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва на трибина „Промоции на политики- Македонија за сите луѓе“ пред прилепчани вели дека ќе се донесе закон за тутун со кој ќе се забрани увоз на тутун се додека не се откупи последниот лист домаше тутун, посочувајќи дека ќе се врати достоинството и развојот на градот.

-Нема да има тутунари кои што нема да бидат задоволни, затоа што првата работа што ќе ја направиме за тутунарите е да донесеме закон со кој што ќе биде забранет увозот на тутунот додека тутунот кој што е непродаден не се продаде до последниот лист и тоа го ветувам овде во Прилеп, до последниот лист произведен тутун, закон во македонскиот парламент, вели Мицкоски.

Мицкоски порача дека мотото и целта на ВМРО-ДПМНЕ е Прилеп повторно да стане моќен град.

-Сакаме ние да понудиме иднина и она кое што навистина повторно ќе го врати приоритетот на Прилеп, град кој што е најразвиен и најперспрективен град во Македонија. Така што денеска тука во Прилеп ќе имаме можност да го промовираме проектот кој што започна овде од Прилеп, а тоа е проектот изградба на ново автопатско решение Скопје Велес преку Бабуна, Прилеп, Битола, Меџитлија. Но исто така ќе зборуваме за концептот на целосно дигитализирана општина. Тука до мене е и идниот градоначалник на Прилеп, доктор Борче кој што е овде човек за кој што веќе сите гласно зборуваат дека е идниот градски татко и идните четири години, а зошто да не и понатаму да го препороди навистина Прилеп, и да го крене од ова мочуриште во кое што денеска се наоѓа, рече Мицкоски.