Сметате ли дека новата администрација на американскиот претседател Доналд Трам ќе може да ни помогне околку спорот со Бугарија? Така гласеше новинарското прашање до претседателот на владата Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција.

-Имам чуство, а и од тоа што имав да го видам и слушнам, а тоа е дека полека но сигурно од Вашингтон насекаде во светот ќе се шири и завладее новото нормално. Ние сме меѓу првите кои што го поддржаа тоа ново нормално и ценам дека тоа ќе биде масовно во периодот кој што следи. Сметам дека со контактите кои што ги имаме со најблискиот периметар на претседателот Трамп дека можеме само да добиеме, а не и да изгубиме. Билатералниот спор кој што го имаме со нашиот источен сосед е спор кој што генерално нема никаква врска со вредностите на 21 век и ценам дека треба час поскоро ние да ги отпочнеме и формално преговорите со ЕУ кои што се дел од овој билатерален спор. А за сите атрибути кои се дел од овој билатерален спор кои одредени политички кругови кај нашиот источен сосед ги третираат како свој врвен приоритет тука сметат дека не треба да се коментира, бдејќи за идентитетски прашања секој мој коментар би бил одвишок бидејќи се знае мојот став за тоа прашање, истакна Мицкоски.

Македонија е коспонзор на резолуцијата која САД ја поднесува во ОН за Украина, зошто се одлучивте на ваков чекор и кои се очекувањата, беше едно од прашањата за премиерот Мицкоски на денешната прес-конференција во владата.

-Одлучивме да бидеме коспонзори на Резолуцијата која ја поднесуваат САД во ООН. Очекувам истата да биде поддржана од мнозинството на ООН, рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.