Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски одговарјќи на новинарско прашање во однос на намалените царини од страна на САД за Македонија од 30% на 15% денеска изјави дека пеговорите за намалување на царините продолжуват во втората половина од месец август откако ќе завршат летните распусти, при што очекува намалување на истите под 15%.

-Од она што го видовте од кабинетот на претседателот Доналд Трамп, ова е прва фаза, ова не е договор бидејќи тој кажа до 1- ви агуст ќе ги објави новите царински, односно не се ни царини ова се трговски маржи така да ги наречам. Ние сме од 33% сме намалени на 15% , преговорите продолжуваат, во моментот се наоѓаме на една условно кажано пауза. Веднаш после годишните одмори кои што ќе ги користат и администрацијата во кабинетот на претседателот и канцеларијата на трговскиот претставник на САД, но и нашите луѓе во министерството и институците, очекувам втора половина на август да продолжиме со преговорите и од она кое што го очекувам уште да одиме подоле, изјави премиерот Мицкоски кој што беше во посета на на реконструираната Клиника за уво, нос и грло.