Делегација на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од лидерот на пртијата Христијан Мицкоски положија свежо цвеќе по повод 80 годишнината од депортацијата на македонските Евреи во логорот Треблинка.
Денес положивме свежо цвеќе по повод 80 годишнината од депортацијата на македонските Евреи во логорот Треблинка од времето на фашистичката окупација на Македонија.
Овој чекор е сеќавање за човечката голгота и жртвата на невините луѓе, како и опомена за страотните последици на војната предизвикана од фашистичките окупатори на Македонија.
Денеска се сеќаваме за 7144 наши сограѓани кои заминаа од своите домови и никогаш повторно не се вратија. Тагата и болката се сѐ уште присутни. Да извлечеме поука и да ја гледаме објективно историјата која ни кажува дека војната и непријателството го раѓа семето на злобата, уништувањето и заедничката несреќа.
Таквиот геноцид е најцрниот настан во историјата на човештвото.
Катастрофата од геноцидот никогаш да не се повтори, но и да не се заборави!, пишува Мицкоски во својата објава.