Премиерот Христијан Мицкоски денеска на собраниската седница за поставување пратенички прашања, одговарајќи на прашање на лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, во однос на поскапувањето на цената на струјата, нагласи дека изминатиот период тие постојано ја манилупирале јавноста со бројки за покачуваење на цената од над пет проценти, над десет проценти за на крај да излезе дека поскапувањето е 2 и нешто проценти.

-Ова прашање можеби најдобро ќе ви го одговори новиот член на вашиот Извршен комитет господинот Бислимоски, кој што е брат на претседателот на Регулаторна комисија, Марко Бислимоски. Регулаторната комисија по закон, по Устав е незвисно тело, не знам зошто мене ми го поставувате ова прашање, претпоставувам  треба да му го поставте на Марко Бисломоски, чиј што брат сега ви е соработник во Извршниот комитет на СДСМ и се надевам дека тој ќе ви даде пропрецизен одговор од мене. А зошто ја манипулиравте јавоста со поскапувања од над пет проценти, па над десет проценти, па не излезе толку, излезе 2 запирка нешто проценти претпоставувам исто така тие можат да ви дадат одговор, му одговори Мицкоски на Филипче, кој меѓудругото го праша и зошто тие како Влада, во изминатите над година и половина не сториле нешто за да го зајакнат енергетскиот сектор.

Мицкоски истакна дека изминатите година и половина повеќе од 50 луѓе, кои што го уништувале тоа кое што е оставено од претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ, кога тој бил директор на ЕЛЕМ, или се под истрага или се водат судски процеси против нив, а поранешен директор и висок поранешен функционер на СДСМ е во бегство.

-Ако е невин, ако е чесен ќе дојде тука и ќе се соочи со органите и ќе даде исказ и ќе каже зошто е така. Дали можеби кога зборувате за енергетските капацитети мислите и на компани кои што во минатото добивале екслузивно право да увезуваат јаглен и за тоа одредени јавни личности и политичари беа наградувани со скапи џипови, кои што ги возеа со полномошно на такви фирми и се префрлаа средства во соседството. Дали на тоа мислите кога зборувате за уништување на енергетскиот систем или пак мислите на тоа кога се купуваа хемикалии и останати средства, кои не се потребни за се делат провизии на високи поранешни фунционери на СДСМ во Вардарскиот регион, во Пелагонскиот регион и.т.н. Дали на тоа зборувате и на тоа мислите кога зборувате за уништување на енергетскиот систем, рече Мицкоски.

Ќе ве потсетам, додаде, август месец 2017 година нула долгови, 25 милиони евра депозити и некаде околу 380 милиони денари на сметка на тогашната АД ЕЛЕМ и нула долгови, исплатени плати, август 2024 месец 7 проценти состојба на акумулации на електрична енергија, нула откривка на јаглен во РЕК Битола, на депонијата околу околу 20  – 30 илјади тони, неремонтирани блокови во РЕК Битола, неремонтиран Осломеј, една катаклизмична состојба и долгови од повеќе од 150 милиони евра.

-Јас не знам како се оперира глава, срце и.т.н., но знам кого да прашам, друг пат кога ќе ви ги постават овие прашања и пак ќе ве носат во длабоко, бидејќи не е ова ваша тема, барем прашајте некој кој што ги разбира овие работи затоа што тоа што вие го оставивте како Влада во енергетскиот сектор катаклизма е комплимент, но затоа оставивте позади себе десетици стотици милионери, политички профитери и лешинари, кои се талог на општеството, потенцира Мицкоски.

Тој се осврна и на антикорупциската платформа на СДСМ, при што напомена дека со тоа тие само дополнително им покажуваат на граѓаните зошто седум пати по ред континуирано губат избори и зошто сега на 11-ти повторно ќе изгубат.

-И јас ви велам и на следните парламентарни избори ќе ви се случи дебакл и повторно ќе изгубите ако вака продолжите, нагласи Мицкоски.