Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска од Тетово им понуди на владата на СДСМ и Димитар Ковачевски на следната седница на Собранието веднаш да се стави на дневен ред предлогот за уставните измени, додавајќи дека доколку власта собере 80 пратеници тогаш тој ќе го исполни ветувањето и трајно ќе замине од политиката, а доколку не тогаш Ковачевски да прифати предвремени парламентарни избори.
Верувам во секој еден пратеник од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во рамките на парламентот дека под овие околности нема да гласа за промена на уставот и дека доколку се случи такво нешто ќе заминам трајно од политиката, затоа што има полна доверба во сите нив, потенцираше тој.
Еве денеска ќе одам и чекор понапред овде во Тетово, порака до владата предводена од СДСМ и ДУИ, до Димитар Ковачевски веднаш откако парламентот, односно парламентарците ќе се вртат од годишните одмори, првата точка на првата седница во парламентот да биде предлог за измена на Уставот на Македонија. И доколку тој собере 80 пратеника јас следниот ден ќе го исполнам даденото ветување. Доколку тој нема 80 пратеника да одиме на предвремени парламентарни избори. Еве чесна и фер понуда, порача Мицкоски.
Што се однесува до советничките избори во Тетово, тој порача:
-Очекуваме најмалку еден, а се бориме за вториот дополнителен советник овде во Тетово. Ќе дадеме се од себе за тоа да го оствариме, а потоа тоа и да го оправдаме пред граѓаните овде во Тетово дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која што мисли за сите, која што мисли за иднината, и не е ВМРО-ДПМЕН политичка партија као што некои сакаат да злоупотребат дека е партија која што не враќа во минатото. Напротив, со чесна работа, посветена работа, со многу проекти, со многу реализација ВМРО-ДПМНЕ покажува насекаде низ Македонија дека иднината е во работата, чесна работа и посветена работа, а така ќе биде овде во Тетово веднаш после овие избори за советот.
Тука до мене е носителот на советничката листа Ангел Карапетров, очекувам рекорден број гласови што некогаш ВМРО-ДПМНЕ ги освоил за советничка листа овде во Тетово. Ја има целосната моја поддршка, доверба и не само Ангел, туку и сите оние луѓе кои што се дел од советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ овде во Тетово.
Ги повикувам тетовци во сабота да излезат, да гласаат масовно за советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Ангел Карапетров, додава Мицкоски.