Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска упати сочувство до Канцеларот на Австрија, Себастијан Курц за синоќешните терористички напади во Виена, при што се убиени четири лица, а повредени најмалку 17 луѓе.
-Примете го моето сочувство и најдлабоко жалење за настаните кои се случија во Виена. Овој напад е терористички напад на цела Европа, и на вредностите кои ние ги негуваме. Македонците сочувствуваат со Австријците во овие тешки моменти. Нашите молитви се со Вас и Вашата држава, наведува лидерот на опозицијата Мицкоски.