А, јас сум подготвен, веднаш откако ќе те поразиме со народот, да ги исправиме сите твои историски и противзаконски грешки, реагира денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Ова се однесува на вчерашната изјава на Зоран Заев дека е подготвен да го избрише „бугарски“ од сите табли и спомен- обележја од Втората светска војна на кои пишува „бугарски фашистички окупатор“.
– Враќањето на таблите кои ја рефлектираат вистинската историска вистина, а Заев ќе ги смени, ќе биде меѓу првите грешки што ќе ги исправиме!- се вели во објавата на Мицкоски на Фејсбук.