Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва во ТВ дуелот со Зоран Заев на Канал 5 телевизија, во врска со трагедијата во Тетово, истакна дека бил пуштен објект без дозвола за употреба и приклучен со електрични инсталации, а премиерот Заев ако има грам морална одговорност за истото ќе си поднесе оставка.
-Имате директна вина за овој објект како и за сите останати, најпрво да бидат приклучени на електрично напојување за коишто постојат индиции дека е тоа кое го предизвикало пожарот, а потоа има директна вина затоа што дозволиле роднини, што треба да покаже истрагата дека нема одобрение за градба и дека е пуштен во употреба без соодветни документи, што треба германските истражители кои еден ден беа тука да утврдат, вели Мицкоски.
Тој истакна дека станува збор за случај каде нема одобрение за пуштање во употреба, а техничкиот документ го нема, и праша зошто се дозволило да има електрично напојување и го праша Заев дали ги видел тие објекти и каква била енергетската потреба за тие објекти за да бидат приклучени со таков електричен приклучок.
-Јас нема да завршам затоа што оваа тема не е завршена тука има морална, политичка, но и кривична одговорност, порача Мицкоски.
Во врска со ова Зоран Заев изјави дека го сменил Законот за да се градат модуларни болници како во Тетово, без А тест и дозвола.
– Дефинитивно сите знаеме дека поставивме модуларни контејнери префабрикати, односно претходно сработени во фабрики. За таквите времено поставување на објекти не се дава употребна дозвола, с еправи примопредаавње на такви објекти и Законот јасно тоа го опишува. Сум бил градоначалник и знам кога се дава употребна дозвола. Таму кај што имате дозвола за градба се дава и употребна дозвола. Таму кај што имате времено поставување на модуларни префабрикати контејнери, префабрикати значи претходно изработени во фабрики, таму се дава примопредавање, истакна Заев.
Заев додаде дека објектите се поставени за да се згрижат граѓаните.
– Јас тврдам дека е целосно постапено согласно Закон, сите правила и правни и прописи се спроведени дадено е решение за примопредавање на самиот објект, дополнително се дообезбедени од самите болници, не само во Тетово туку и Инфективна клиника и на сите други Инфективни одделенија во државата дополнителни услуги, сето тоа е завршено како што треба за тоа што се работи за времно сместување на пациенти, појасни Заев.