ЕЛЕМ и МЕПСО ги банкротираа со лошите енергетски политики, па се обидуваат да ги спасат со 50 милиони евра од државата. Но, државата ги нема тие пари. Мицкоски потсети дека пред 6 месеци опозицијата предупредила што ќе се случи на енергетскот пазар, но власта не послушала.
Граѓаните се уште не го чувствуваат тоа, но бизнисот го чувствува и е во паника, вели Мицкоски.
ЕЛЕМ го копа нашиот јаглен и го продава на ЕВН хоум за 37 евра, ја троши нашата вода и ја продава на ЕВН хоум за 37 евра, а можеше да ја продаде во Унгарија за 237 евра и да субвенционира во сметките за струја на граѓаните наместо да субвенционира во џебовите на неколку компании кои моментално даваат услуги дали за обезбедување или некој друг тип услуги во ЕВН како што е онаа позната агенција за обезбедување од Струмица, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашната дебата на ТВ21.