Еврообврзницата која ја издаде Владата во износ од 700 милиони евра е веќе препродадена и притоа продавачите оствариле профит од 21 милион евра, изјави денес на прес-конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашање на новинарите каков е неговиот коментар во врска со новото задолжување.
„До нас стигаат информации дека за само два дена еврообврзницаата е препродадена и дека тој што ја препродал отприлика некаде 0,45, 0,5 процентни поени остварил профит или тоа е некаде околу 21 милион евра на сметка на граѓаните“, рече Мицкоски.
Тој додаде дека доколку е точно, тоа е страшно „затоа што 21 милион ги чини граѓаните само што не почекаа два дена од тоа што ја набавија таа еврообврзница“. „Настрана од тоа дека треба да платиме 170 милиони евра камати и прашањето е зашто ги имаме најлошите услови убедливо од сите и зошто само на 6 години се издаде оваа еврообврзница, но за тоа претпоставувам ќе ви одговорат претпоставувам надлежните“, рече Мицкоски и продолжи:
-Ресорната министерка и потпретседателот во владата задолжен за економски прашања, да одговорат дали ова што јас го говорам е точно или не е точно. Ако е точно е страшно затоа што 21 милион ги чини граѓаните само што не почекаа два дена од тоа што ја набавија таа еврообврзница. Настрана од тоа дека треба да платиме 170 милиони евра камати и прашањето е зашто ги имаме најлошите услови убедливо од сите и зошто само на 6 години се издаде оваа еврообврзница, но за тоа претпоставувам ќе ви одговорат претпоставувам надлежните. Да, истовремено добив и таква информација дека од страна на Европската комисија е обезбеден заем од 160 или 180 милиони евра, дел од тој заем ќе пристигне во втората половина на јули месец, останатиот дел од заемот е врзан за структурните реформи којшто ценам дека ова влада нема никаков капацитет за да ги спроведе. Така што јас би зборувал за 80-тина милиони евра коишто би стигнале до јули месец. Сето ова е помалку од оние една милијарда и педесет коишто и се потребни на Македонија за до крајот на годината да нема проблеми со ликвидност, односно тоа се средства кои што и се потребни на нашата држава, од први мај до 31-ви декември за да го покрие буџетскиот дефицит по основ на планираниот дефицит и по основ на оние помали примања кои што ќе стигаат во буџетот во периодот кој што следи, но истовремено задолжување поради раздолжување.“
-Тука не се опфатени мерките од Ковид 2, Ковид 3 програмата кои што дополнително ќе го оптоварат буџетот. Така што за да одржиме макро-економската стабилност за да нема кратење на платите како што тоа го планираше Зоран Заев и го најави на прес-конференциите, за да нема намалување на пензиите ќе бидат барем уште од прилика за нормално функционирање од 350 до 400 милиони евра за до крајот на годината. Врз основа на таа математика која што ја имаме ние расположлива сега, тоа е онаа математика којашто и вие ја гледате и којашто е јавно достапна. Условите и начинот на коишто се обезбедени овие средства тоа е друга тема, но ние покажавме дека сме различни споредено со СДСМ во минатото, потенцираше Мицкоски и подвлече:
„Се сеќавате кога се издаваа евро обврзници, ја кодошеше државата се пишуваше писма по светот, се нарушуваше имиџот а тоа ги чинеше граѓаните десетици милиони евра поголема камата. Нашиот претставник во министерството, техничкиот заменик министер ги потпиша ги поддржа сите досегашни решенија затоа што цениме дека во овие тешки моменти потребно е тие средства да завршат онаму кај што се најпотребни, а тоа е во стопанството и во реалниот сектор. Тоа што овие средства Владата се обидува да ги пренасочи во обид за поткуп на граѓаните пред избори, тоа е друга работа. Но, и да се обидуваат и да поткупуваат, се што сакаат нека прават кога и да се случат тие избори, ќе видат како тоа ќе им се врати од глава по принципот на онаа нивна позната максима „Трас-трас“.“