Премиерот Христијан Мицкоски присуствуваше на пуштање во употреба на дел од автопатот Кичево – Охрид, во должина од 20 километри.
– Денес заедно сведочиме на нешто за многумина делуваше веќе невозможно. Ова пуштање на употреба на автопатска делница туку ова е монент на враќање на вербата доказ дека кога ќе ја превземеме одговорноста со чиста совест и искрена намера, тогаш промените се случуваат. На овој потег на делницата Пресека-Песочани денес се вози по нов автопат, изјави Мицкоски.
Тој потенцира дека само една година откако ја превзедовме одговорност да ја водиме државата. Успеавме да го откочиме еден од најголемите и еден од најзаглавените инфраструктурни проекти во Македонија.