Апелираме за итна и брза мобилизација на институциите во справување со катастрофалниот пожар во Тетово, порача вечерва Мицкоски.
ВМРО-ДПМНЕ уште вечерва се става на располагање да помогне во надминување на состојбата.
Изразуваме надеж дека нема човечки жртви. Нашите мисли се со семејствата и луѓето кои вечерва се таму и се соочуваат со оваа тешка катастрофа, додаде тој.
На Твитер се огласи и министерот Филипче кој нагласи дека се упатил кон Тетово, апелирајќи на смиреност.
Градоначалничката на Тетово Теута Арифи пак изјави:
„Информирана сум се се случило многу бргу. Немам други информации за можни жртви, тоа официјално ќе бидеме информирани. Апсолутно жалам многу, болни луѓе тука биле на лекување“.
Според последните информации, пожарот е изгаснат.