Вистинска пеколна вечер се случува во тетовскиот Ковид центар кој е зафатен од голем пожар.

Заесега нема подетални информации, но се дознава дека станува збор за пожар којја зафатил модуларната болница, откако претходни имало експлозија.

За пожарот информираше и Фејсбук страната Тетово Инфо.

Инаку, пред кратко време, беше извршен обид да се пресече доводот за кислород во тетовската болница, по што полицијата го уапси сторителот.

Како што известува скопски Курир, пожарот е исклучително сериозен и беснее повеќе од 40 минути во тетовската модуларна ковид болница.

Од МВР велат дека нивни екипи веќе се на терен но не можат да потврдат ниту да демантираат дали и колку жртви има во огнената стихија.

Поради силниот интензитет на пожарот, три возила на скопската противпожарна служба веќе се на пат за Тетово.

Според Курир, од МЗ неофицијално потврдуваат дека има жртви но не можат да коментираат околу бројките.

На видео објавено на Фејсбук се гледа дека починатите веќе се изнесени надвор од опожарената зграда и се покриени со бели чаршафи.

Очевидци велат дека докторите вложувале максимални напори да ги евакуираат пациентите и со кревети и колички ги извлекувале од запалената зграда. Според последните информации, зградата е целосно изгорена.