Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски објави дека се потпишал на иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за донесување Закон со кој ќе се поништи донесениот закон за попис, а со тоа како што тој вели ќе се спречи кражбата и мешањето на политиката во статистиката.
– Го дадов мојот потпис против фалсификат попис. Да поддржиме европски и вистински попис. Да спречиме кражба, да ја тргнеме политиката од статистиката, објави Мицкоски на Фејсбук.
Мицкоски објави дека се собрани 25.000 потписи само за неколку часа:
– Собрани се 25 илјади потписи за неколку часа, во над 300 локации. ВМРО-ДПМНЕ и народот собра 25 илјади потписи за неколку часа. Благодарност до сите што се потпишаа. Македонија не сака фалсификат попис. Народот се потпишува против фалсификат попис. Продолжуваме и утре!Јасна е пораката, и за пописот, и за Владата, и за Заев.
Потпис за вистински европски попис!- објави Мицкоски.