МИЦКОСКИ: Имав средба со Груевски, врз него се врши политички прогон

/ 01.11.2018

Пред неколку дена имав средба со Никола Груевски. Разговаравме за ова што му се случува за политичкиот прогон на кој е изложен, јас како актуелен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, а тој како почесен претседател имаме заедничка тема не само за партиското функционирање, туку и за личните моменти, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски гостувајќи на телевизија Алсат-М, а говорејќи за тоа дали имал средба со почесниот претседател на партијата, Груевски.

Мицкоски укажа и дека иако подолго време немале комуникација сакал да се сретне зошто сакал да ги види сите детали што се поврзани со политичкиот прогон врз него.

-Разговараме, додаде Мицкоски, и за политиките во изминатиот период.

Осврнувајќи се на пратениците кои гласаа за уставните измени, Мицкоски истакна:

„Моето предвидување од таа перспектива било погрешно. Очигледно сум се надевал дека во Македонија постои право и правдина, дека судството е независно. Но, видовме дека моите претпоставки не се точни и ќе морам да научам да живеам со оваа слабост во иднина“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски гостувајќи на телевизија Алсат-М одговарајчи на прашањето зошто неговите прогнози дека пратеничката група е компактна не се реализирале.

Мицкоски додаде: „Токму од овие мотиви сум разочаран од сите 7 членови на ВМРО-ДПМНЕ кои постапија спротивно на одлука на Конгрес, на партиска програма на која биле избрани, спротивно на одлука на Централен комитет, спротивно на одлука на Извршен комитет.“


Од истата категорија