Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски запрашан од страна на ноивинарите во однос на училишната кошничка денеска истакна дека дека Државниот пазарен инспекторат е на терен и дека одлуката на владата од страна на трговците се почитува.

-Владата на седница на 5ти август донесе одлука со која обезбеди попуст заедно со трговците и снабдувачите на училишниот прибор помеѓу 10 и 15% на маржата, во зависност дали е наголемо или намало, а репер е цената од 1ви јуни 2024 година. Задача е на трговците да означат која била цената на 1ви јуни 2025 година и врз база та таа да обезбедат попуст помеѓу 10 и 15% и да истакнат на влезот од продавницата натпис во кој што има „Помалку трошоци, повеќе за граѓаните“. ДПИ е на терен гледа дали се почитува, засега немаме објективни нарушувања на веќе договореното, изјави премиерот.

Запрашан во однос на судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во кочани премиерот рече дека се воздржува од коментар и остава обвинителско-судските органи да ја завршаат процедурата.

-Се воздржувам да коментирам изминатиот период, и ќе ја продолжам таа пракса да не коментирам, оставам обвинителско-судските органи да си ја завршат процедурата. Колку што знам покренатото обвинение е во рамките на оценка од страна на судовите, на што не би сакал дополнително да мкоментирам, рече Мицкоски.