Историска голема исплата за субвенции за земјоделците е направена. Како никогаш досега од како е независна Македонија и тоа е нешто кое што претставува големо постигнување. Повеќе од 28 милиони евра се исплатени само во последниов период.
Ова го истакна премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска присуствуваше на започнување на проектот за реконструкција на коловозот на патот кон Манастирот „Пеленица“ во Општина Кисела Вода.
-Инаку, вкупно во цела година, а посебно последните 6 месеци за 400 милиони повеќе од она кое претставува историски најголем резултат, но тука не треба да се игнорира и заборави дека имаме историски највисока цена за лозарите, за тутунарите, за останатите земјоделски култури. Јас сум навистина задоволен од тоа како се менаџираат ресурсите.