Актуелниот градоначалник на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, е кандидат за градоначалник на Град Скопје на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори што ќе се одржат во октомври.
Одлуката ја соопшти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски, по денешната седница на Извршниот комитет што се одржа во седиштето на партијата во Скопје, истакнувајќи дека се темели на анкетите кои покажуваат дека Ѓорѓиевски води убедливо дури и петпати повеќе во однос на решенијата што се споменуваат од СДСМ, а како градоначалник покажал резултати.
Утврдени се и кандидатурите за општините Гази Баба, актуелниот Бобан Стефковски, за Карпош Сотир Лукроски, од приватнот сектор, за Лозово актуелниот градоначаник Бошко Цветкоски, за Пехчево, актуелниот градоначалник Александар Китански, за Ресен актуелниот Јован Тозиоски, за Зрновци исто така актуелниот градоначалник Борче Коцев.
-Настапуваме со понуда за чесни и некомромитирани вредни кадри за општините и ќе излеземе со јасна визија и програма за развој на секоја општина, рече Мицкоски.
Претходно беа објавени кандидатурите за 33 општини кои владејачката партија ги утврди на седници на Извршниот комитет во мај и во јуни – за Битола, Кавадарци, Охрид, Велес, Штип, Гевгелија, Аеродром, Бутел, Ѓорче Петров, Чучер-Сандево, Свети Николе, Карбинци, Градско, Зелениково, Илинден, Конче, Делчево, Ново Село, Василево, Босилово, Берово, Петровец, Вевчани, Брвеница, Јегуновце, Македонски Брод, Могила, Пробиштип, Богданци, Демир Капија, Росоман, Новаци и Дебарца.
Фото: приинтскрин