Доаѓа правдата која што ќе ги порази сите овие неправди кои и ги нанесе на Македонија владата предводена од СДСМ, ова вечерва на централниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Крива Паланка го истакна лидерот Христијан Мицкоски.

-Најпрвин на претседателските избори, а потоа и на предвремените парламентарни избори ќе дојде правдата, еден студен во Берово ме праша професоре ќе дојде ли крајот? Јас немам втор избор ќе се борам се додека не ги видам овие политички измамници на вистинско место онаму каде припаѓаат и ветувам од тоа место ќе ги почестам со едно селфи со мене за да паметат што направија со нивната татковина и за нивниот народ. Изборот браќа и сестри е јасен, од една страна оној избран од хилтон коалицијата која е транзициона, Стево Пендаровски седнат во скутот на овие политички измамници предводена од Зоран Заев, и од другата страна имате борец, без компромисер заштитник и чувар на Уставот и правото, Гордана Силјановска Давкова. Изборот е јасен на 21 април, вели Мицкоски.

Тој додава дека нас ни треба право и правдина ни треба владеење на правото и враќање на државата.

-Силјановска со својот личен, но и професионален минат труд дома и во странство, тимот на експерти од дома и врвните експерти кои застанаа позади Гордана, Вие народот сте гаранција дека ќе имаме вистински реформи во судството, да креира повеќе работни места, повисоки плати, пензии, реновирани болници, а сето тоа го гарантира Гордана Силјановска Давкова, нас ни треба огромна поддршка на 21 април, додаде Мицкоски.