Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку својот Фејсбук профил им го честиташе празникот на македонските граѓани.
– Од секој предизвик, искушение, ВМРО-ДПМНЕ, наследник на идеалите и принципите на историското ВМРО излегувало посилно, похрабро и поодлучно. ВМРО постои за Македонија и за нејзиниот народ, кој кревал глава секогаш кога е најтешко, и кога мракот најсилно надвиснал над нашата земја. И секогаш новиот почеток значел нова надеж, нова искра. Македонци, граѓани на Република Македонија нека е вековит 23 октомври, Денот на македонската револуционерна борба, порача Мицкоски.
Од секој предизвик, искушение, ВМРО-ДПМНЕ, наследник на идеалите и принципите на историското ВМРО излегувало посилно, похрабро и поодлучно. ВМРО постои за Македонија и за нејзиниот народ, кој кревал глава секогаш кога е најтешко, и кога мракот најсилно надвиснал над нашата земја. И секогаш новиот почеток значел нова надеж, нова искра.
Македонци, граѓани на Република Македонија нека е вековит 23 октомври, Денот на Македонската Револуционерна Борба