„Македонско најдобро“ е патриотска кампања, изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарко прашање.
-Македонска кампања, на македонските граѓани, сите треба да купуваме македонски производи затоа што тоа навистина е најдобро. Тое е суштината на таа кампања. Да го поттикнеме македонското производство, преработувачката индустрија и јас сум многу среќен што главен дивгател на растот на индустриското производство, а понатаму и на домашното производство е токму растот на преработувачката индустрија, истакна Мицкоски.
Мицкоски потенцираше дека сакаат на македонските граѓани сакаат да им кажат и докажат дека македонското е најдобро.
-Сите мора да се ориентираме кон македонското, сите да се посветиме на македонските езера, планини, села, вино, сирење, кашкава, месо, дека тие се преубави, рече Мицкоски.
Ајде да се обидеме сите да го правиме тоа, додаде тој.