Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ја посети ЈЗУ Универзитетската клиника за државна кардиохирургија во Скопје. На новинарско прашање одговараше за зголемување на пензиите на граѓаните и од кога се очекува нивна исплата.
– Да, од 1 октомври е првичната корекција на пензиите, линеарно зголемување на пензиите. А потоа ќе биде и на пролет со што ќе се заокружи оној инвестициски циклус зголемување на пензиите линеарно во вкупнен износ по пензионер од 7.000 денари, изјави премиерот Мицкоски.
Премиерот додаде дека ова практично ги надминува оние 5.000 денари што ги ветуваа за време на кампањата.