Луѓето кои му поверуваа на Заев дека ќе дојде живот, се освестија. Сега народот сфаќа дека се било за фотеља и пусти пари. Луѓето сведочат колку се разочарани од погубните политики на власта и тоа ќе го казнат во недела, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за Алфа.

Опозицискиот лидер вели дека во кампањата ги дознале реалините проблеми но добиле сериозна навигација како треба да се движат кога ќе дојдат на власт. Порачува дека постои апатија и во членството на СДСМ, па затоа извеснен е резултатот и распишувањето на предвремени избори. Немаме простор за грешки… дециден е првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ.

Во однос на последните најави на власта дека доколку не биде обезбеден потребниот цензус на излезност ќе се пристапи кон менување на Уставот за шефот на државата да се избира во Собрание, Мицкоски вели дека власта е во паника. Вели почнаа со тезата дека опозицијата ќе апстинира, па сега откако ги добија резултатите од анкетите се соочуваат со паника.

– Сакаат да ја изиграат волјата на народот и сакаат Македонија да ја направат монархија и Заев со малата група на послушници да го избираат претседателот во Собранието. Волјата на граѓаните ќе се покаже само на избори, затоа ги повикувам граѓаните масовно да го поддржат кандидатот на опозицијата за нов шеф на државата, затоа што тоа е вистинскиот правец. После резултатот во прв круг ќе има големо разочарување. Очекувам гласови и од граѓаните Албанци, порача Мицкоски во интервјуто за Алфа.