Премиерот Христијан Мицкоски најави почеток на активности за реализација на нов инфраструктурен проект – експресниот пат Кочани–Виница–Делчево, кој, како што рече, со години бил ветуван, а сега влегува во фаза на подготовка преку изработка на физибилити студија и предпроектно решение.

– Ја користам оваа прилика да најавам уште еден значаен проект, тоа е експресниот пат Кочани-Виница-Делчево. Следната недела ќе биде распишан, јавен повик за изработка на физибилити студија на предпроектно решение практично со што отпочнуваме со реализација на овој проект. Тоа е од прилика процес од неколку месеци, а потоа со средства од буџетот и во соработка со меѓународни финансиски институции ќе биде објавен тендер за реализација по принципот на овој проект, којшто ќе биде многу значен, којшто е ветуван со години, но еве дојде ред да се реализира, изјави Мицкоски.

Фото: Архива