МИЦКОСКИ: Народот е против оваа Влада, дури и поддржувачите на СДСМ и на ДУИ велат дека таа е катастрофална и треба да замине

/ 25.09.2022

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека власта тврди дека ќе оди до крајот со својот мандат, но тие ценат дека е добро да има предвремени избори, исто, рече тој, како што цени огромно мнозинство од граѓаните во Македонија, од кои што го црпат нивниот легитимитет.

-И ако гледаме како народна партија дека народот е против оваа влада, а сите перформанси велат дека владата е катастрофална, па дури и поддржувачите на СДСМ и ДУИ велат дека владата е катастрофална и дека треба да замине, тогаш логично е да сториме се што е во наша моќ, да ги искористиме сите демократски алатки кој што ги имаме на располагање, да дојдеме до предвремени парламентарни избори, изјави  Мицкоски во интервјуто за МРТ 2.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во интервјуто се осврна на неколку актуелни политички прашања, поврзани со односите помеѓу политичките субјекти во Македонија, состојбите и политичките текови.

Целото интервју може да го погледнете во видеото во продолжение.


Од истата категорија