МИЦКОСКИ: Нашите информации говорат дека немаат повеќе од 100 тестови на располагање!

/ 03.04.2020

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Хриситијан Мицкоски во своето гостување во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија истакна дека власта не води сериозна борба против пандемијата на коронавирусот, со оглед на инфромациите со кои располага тој дека Министерството за здравство во моментов не располага со повеќе од 100 теста за опасниот коронавирус.

-Јас имам информација дека немаат повеќе од 100 теста за коронавирусот на располагање. Ако навистина имаат 350 теста на располагање тоа е катастрофално, вели Мицкоски.

ТОј потсетува дека до пред неколку дена на ден се тестираа околу 400 лица на ден за коронавирусот, а сега резервите на тестови се доведени на минумум и со таа динамика Македонија има тестови само за уште еден ден.

-Еве еден пример ќе дадам. Пред неколку дена се тестираа од 350 до 400 луѓе. Значи ние во моментов имаме тестови само за еден ден. Самиот министер вели имаме 350 тестови. А пред некој ден тестиравме од 350 до 400 дневно и излегуваа од тие тестови 27, 25,20, 19 луѓе инфицирани. Значи ние сме држава која во моментов во резерва има не повеќе тестови отколку за еден ден. Дали ви личи тоа на сериозна борба против пандемијата, прашува Мицкоски.


Од истата категорија