Лесно е да се откажеш и да го рушиш она што се градело со векови, тешкото е да го сочуваш. Македонија секогаш во историјата имала свои колективни неуспеси, квислинзи и катастрофи. Денес сето тоа е собрано и олицетворено во Зоран Заев, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој присуствуваше на денешното одбележување на празникот 2-ри Август, Илинден во струшкото село Ташмаруниште.

-Оваа влада не треба да падне само поради сето ова што до сега го набројав. Туку Заев нека биде сигурен дека не ја забораваме и промената на името, која силно го боли секој Македонец овде и во светот, промената на идентитетот, поигрувањето со историјата. Колективното реструктуирање на идентитетот во облик во кој што треба да прифатиме е тоа кај мене и во огромно мнозинство Македонци во Република Македонија и во светот не проаѓа. Гоце Делчев е нашата светост, и ќе преговараме и ќе разговараме се додека не докажеме која е вистинската вистина дека Гоце е Македонецот кој што се борел за независна, суверена и македонска држава. А ние сме Македонци од Македонија, тоа сме биле и ќе продолжиме да бидеме, рече Мицкоски и додаде:

„Ќе падне и оваа влада и затоа што не забораваме на прогнот. И во овие мигови кога прославуваме ваков светол ден, не можам а да не ги споменам нашите браќа и сестри кои неправедно седат по затворите и се под политички прогон. Не можам да не го споменам Јане Ченто, Димитар, Дејан, Горан Ангелов, Миле, Митко Чавков, Митко Пешов и сите останати кои ја делат таа несреќа да ја носат на свои плеќи омразата и лудилото на оваа власт. Колку сакаат власта да покаже дека е силна, знаат дека се слаби. Слабост е да се прогонуваат невини луѓе. Илинденците се бореа за Македонија. Мојата борба и нашата заедничка задача се вика едноставно Македонија и колку и да сакаат да монтираат лажни душегрижници патриоти по социјалните мрежи кои што имаат единствена задача да ги исплатат скапо платените и рекетирани жолтици од семејството ќе се обидат да внесат немир во десницата, во ВМРО-ДПМНЕ. Но, мојата задача, нашата задача, вашата задача е да го одбраниме достоинството на македонскиот народ, да ја одбраниме Македонија. Да го поразиме жестоко Зоран Заев за да не може да се случи политички инжинеринг после предвремените парламентарни избори. Македонија да ја реформираме и на брза трака да ја внесеме во семејството на европските народи и од внатре да си го вратиме сето она кое што е изгубено и сето она кое што го распродаде Зоран Заев, македонската гордост и македонското достоинство. А овие предавници, но и овие слуги кои им слугуваат за скапо платените жолтици рекетирани од македонскиот напатен народ ќе ги пратиме на буништето на политичката историја“.

Јас, рече Мицкоски, овде од овој 2 август, ден Илинден, 2019 година од Ташмаруништа ви ветувам правда и чест за Македонија, македонскиот народ и македонската нација.

-Подготвен сум да се борам за ова во последен здив и да бидам со вас и заедно да ја собориме оваа власт. Затоа што треба да престане времето кога политичарите само земаа од овој народ, а ништо не даваа. Мојата задача е да се избориме за правда и владеење на правото. Вистинска правда, а не онаа Заева неправда која ни ја продава за лажна правда. И тука немам намера, еве ви ветувам дека немам намера да правам компромиси за било што. Без оглед дали се работи за СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ или било кој друг политичар кој што се огрешил и посрамотил и направил злодело пред сопствените граѓани и пред Законите и Уставот на Република Македонија. Морам заеднички и затоа молам за ваша помош масовно, масовно да излеземе на следните парламентарни избори и да го поразиме Зоран Заев и вршушката на власт. Мораме заедно да ја промениме сликата за политичарите, зошто што едноставно ќе ја загубиме Македонија. Да ја вратиме заедно верба во системот кој постои за да служи на граѓаните, а не граѓаните да му служат на системот. Мора да види овој народот дека политичарите не се заштитена каста, која е над државата, туку дека сите ние, сите ние без исклучок сме слуги на народот и на нашата татковина. Мора да бидеме општество со еднакви можности за сите, со развиена економија и нови работни места. На безаконието да се одговори со закон, на анархијата со поредок. Да си ги вратиме младите кои си заминаа и да обезбедиме иднина на оние кои планираат да заминат, подвлече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и додаде:

„За да сето ова биде возможно потребни се итни, брзи парламентарни избори, избори на кои народот ќе се избори за обнова на Македонија, за нов почеток кој ќе значи вистинска обнова на Македонија. Која ќе значи ред и правда, просперитет и развој, подобра иднина. И денес кога Зоран Заев ќе држи говор од Мечкин Камен добро нека го погледне споменикот на востаникот со силно раширени раце, тој востаник е со високо подигната карпа над главата и го претставува последниот херојски миг во борбата на востаниците од одредот на легендарниот војвода Питу Гули кои се бореа за слободата која што ние денес ја живееме. Питу Гули велеше ако нема слобода има смрт, затоа што без слобода има само смрт. Почвата која ја гази е натопена со херојска крв и жртва на сите оние кои гинеа за Македонија. Заев нека го посети и Македониумот, таму се моштите на претседателот на Крушевската Република Карев, војводата Никола Карев. Тој велеше „Ние револуционерите, под клетва дигнавме пушка и на нашето црвено од крв знаме запишавме СМРТ или СЛОБОДА.“

Неуспехот во водењето на Македонија, според Мицкоски, подразбира неуспех и валкање на делото на овие великани како и непочитување на многу други кои ги дадоа своите живот за Република Македонија.

-Тие беа и остануваат Македонци. А нивната жртва нема да биде залудна, ако нашите дела бидат вистински. Мораме да ја вратиме силата и честа на Македонија. Затоа Илинден е жив и денес, Илинден има кауза срочена во името Македонија. Доаѓаат промени, доаѓа нов почеток, започнува обнова на Македонија. Доаѓа време кога мора да се победи мракот и да изгрее сонцето, а сонцето, сонцето секогаш е Македонија. Нека е вечен Илинден и нека е вечна суверена, независна и богата и просперитетна Република Македонија!, заврши