Во изминатите 17 дена денеска е веќе 18 ден, можам да кажам дека од како започна кампањата за првиот круг претседателски избори кој што ќе колуминира сега за два три дена од денес, енергијата, емоцијата и желбата на граѓаните без разлика на нивната етничка припадност навистина е на високо ниво, обединувањето околу желбата за промени и обединувањето околу ВМРО-ДПМНЕ е како никогаш порано огромна, кажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во општина Сарај.

„Вакво обединување кое што никогаш порано изминатите три децении не се случило во Македонија, после победата на 8 мај обврзува и претставува голема обврска за нас лидерството во ВМРО-ДПМНЕ да одговориме на вашите очекувања на очекувањата на граѓаните а јас сум убеден дека имајќи го предвид мотивот и желбата да успееме да ја направиме оваа наша заедничка Македонија пристојно место за живеење“, кажа Мицкоски и додаде:

Кога зборувам за криминалот на ДУИ и кога зборувам за криминалот на првенците во ДУИ тие ме обвинуваат дека сум бил антиалбанец затоа што сум го обвинувал Ахмети дека неговиот мит на идеолог падна со правиот момент кога одлучи неговиот сват да вози ролс ројс додека народот во Сарај, во Чаир, во Тетово, во Гостивар, едвај крпи крај со крај. Кога неговиот внук за десетици милиони евра одлучи да купува трговски центар во центарот на Скопје, кога семејството на Артан одлучи низ градовите во Македонија да купува имоти вредни десетици милиони евра и кога го поставував прашањето од каде пари за сето тоа. Тогаш ме обвинуваа, тоа ме мотивира да продолжам да се борам против криминалците во политиката, без разлика дали тие биле Албанци, Македонци, Бошњаци, Турци Срби, Власи, Роми, мојата единствена цел е конечно во Македонија да изгрее сонцето и сите криминалци во политиката кои што се богатат на нашиот грб без разлика на нивната етничка и верска припадност да одговараат за сето она што им го сториле на граѓаните. Ќе продолжам да се борам затоа што криминалот нема етничка припадност.

Мицкоски посочи проекти од програмата на ВМРО-ДПМНЕ каде 250 милиони евра ќе се вложат во општините.

„ВМРО-ДПМНЕ има намера да вложи 250 милиони евра од буџетот кон општините за проекти кои што ви се вам важни, неколку милиони евра планираме да инвестираме овде во Сарај, и го повикувам градоначалникот да изготви проекти“, нагласи Мицкоски и додаде:

Да си го поставиме прашањето сите ние до кога ќе го трпиме овој артаноиден цикличен режим. Се додека сум во политиката ќе се борам за чесност, за правда без разлика на етничката припадност. Доста е од луѓе кои што не делат затоа ве повикувам масовно да излеземе и на 24 април да гласаме за бројот 2 и на 8 мај повторно за бројот 2, гласајте за Гордана Силјановска Давкова и коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.