Пред празни улици, без народ, без поддржувачи и членови на партијата денеска се одржа митингот на СДСМ, Коалицијата за европска иднина и кандидарот за претседател Стево Пендаровски пред зградата на ЕУ во Скопје.

На митингот говореа Стефан Левен -претседател на ПЕС (Партија на европски социјалисти), Димитар Ковачевски – претседател на СДСМ и Стево Пендаровски – кандидат за претседател на Република Македонија, а куси обраќања имаа и носителите како и коносителите на изборните листи на СДСМ и Коалиција.

За волја на вистината, времето во Скопје е дождливо, но очигледно дека на митингот не дојдоа дури ни тврдите симпатизери на СДСМ за кои дождот не би требало да претсваува посебна пречка.

Наспроти тоа, Канал 5 известува дека дождливото време не ги одврати граѓаните и поддржувачите на коалицијата предводена од СДСМ и претседателскиот кандидат Стево Пендаровски во голем број да дојдат на централниот митинг кој симболично се одржа пред седиштетото на Делегацијата на ЕУ во центарот на Скопје дефинирајќи го митингот како „голем“. Оттаму се испратија пораки за европската интеграција на Македонија, подобар животен стандард, модерно здравство, правда, борба со криминалот и корупцијата.

Гостин беше и претседателот на Партијата на европски социјалисти (ПЕС) Стефан Левен која упати пофалби и поддршка за коалицијата на СДСМ и Пендаровски и европската иднина што, според него, тие ја нудат.

Лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски заедно со носителите и коносителите на листи ветија подобра иднина. Ковачевски, меѓудругото, призна грешки во соработката со коалициските партнери кои, како што рече, од етничките прашања направиле бизнис и најави дека по 8 мај во власта ќе има место само за чесните и вредните.