Претседателот на Владата Христијан Мицкоски по отворањето на нова хала на компанијата „Амфенол“ во Општина Кочани одговараше на новинарски прашања. Запрашан за арбитражата за сличајот „Казандол“ даде свое видување.

-Ова е втора арбитража која оваа Влада ја добива. И очекуваме барем уште две во периодов кој што следи. Но вистинското прашање е како во минатото во пракса е да се губат арбитражите и сега наеднаш арбитражите е добиваат во полза на државата. Треба тоа да се истражи, изјави Мицкоски.

Премиерот потврди дека направиле промена во адвокатскиот тим, но и дека е симптоматично како во минатото се губеле сите арбитражи како по правило, а сега се добиваат.

-Во случајот станува збор за арбитража која вредеше околу 115 милиони евра, толку беше тужбеното барање на спротивната страна која што го побарувше од тужениот во случајов тоа е Македонија, потенцира Мицкоски.

Како причина да се случи оваа арбитража е раскинатата концесија од страна на Владата за формирање на рудникот „Казандол“.

-Сопствениците на инвестицијата почувствувале дека имаат изгубен профит, дека имале штета и покренале арбитража против државата во вредност 115 милиони евра односно барале оштета како ошетно побарување од 115 милиони евра. Го изгубија, тоа значи дека тие немаат концесија, изјави премиерот Мицкоски.

И додаде дека не е вистина дека со ова што компанијата изгубила сега веќе ќе има отворање на рудникот и дека тоа е повторно конструкција и обид за манипулација од одредени кругови коишто не и мислат добро на Македонија и на граѓаните во Македонија, потенцира Мицкоски во изјавата.