Нема да носиме никаков закон во парламентот на шверцерски начин, немаме намера да скриеме нити милиметар информација која што им е потребна на граѓаните, вака одговори денеска на новинарско прашање премиерот Христијан Мицкоски во однос на договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство.

-Ние нема да носиме никаков закон во парламентот на шверцерски начин со злоупотреба на европско знаме, како што тие правеа. Нема да класифицираме документи, напротив ќе и биде јасно на македонската јавност што ќе потпишеме, под кои услови, кои се цените по кои што ќе се гради и кои се компаниите кои што сето тоа ќе го градат. Немаме намера да скриеме нити милиметар информација која што им е потребна на граѓаните, дециден е премиерот.

Во однос на обвинувањата на опозицијата Мицкоски рече дека тие имале можност во претходните 7 години да покажат перформанси, но биле инфериорни кон оние кои си играле фудбал и баскет во своите кабинети.

-Гледаат дека Македонија се гради, дека повторно се задвижува економијата…. за жал тие како политичка структура 7 години имаа можност да покажат перформанси, тие беа инфериорни на оние кои што играа фудбалчиња и баскет во кабинетите наместо да работат и да можам да ги разберам неможам да ги оправдам, рече Мицкоски.