Ниту еден договор мене не може да ми забрани да сум Македонец којшто говори македонски јазик и сум од Македонија. Јас многу пати сум го кажувал тоа дека со ниеден договор никој од нас не е обврзан да ја користи новата придавка, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своетo гостување во емисијата „Клан Дебата“.
Мицкоски во своето гостување потсети дека ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше оти ова ќе се случи, а имено и потсети дека Заев се колнеше во жицата, го злоупотребуваше најмилото дека нема да го промени името на Република Македонија.
Тој додаде дека оваа влада не го реши проблемот со нашиот јужен сосед и со нашиот источен сосед.
– Зоран Заев потпишуваше договори какви што потпишуваше со една цел, а тоа е да може да дојде до позицијата каде сега се наоѓа, да ужива привилегии тој и неговите блиски, за да може да се спаси од кривична одговорност поради случајот „Поткуп“ и видиме дека судството во Македонија се покажа како слуги на власта и да може да се протне законот за јавни набавки односно да се укине она тело което порано функционираше и беше наречен Совет на јавни набавки за да можат тендерите во четири очи да врват, потенцирше Мицкоски.
Тој во своето гостување додаде дека на сметка на иднината на граѓаните и на сметка на иднината на Македонија ние имаме личен проблем којшто си го реши Зоран Заев, а е поврзан со случајот „Поткуп“ и вториот случај е кога имаме енормно богатење и зголемување на богатењто на семејството Заеви.