Горе-долу реструктуирањето на ниво на општински комитети и структура во партијата е завршено, истакна денес премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, по официјалното отворање во употреба на салата „Расадник“
-Станува збор за 30% нови луѓе кои сега добиваат можност да покажат, да работат. Не само за партијата, најважно е да работат за државата. На овој начин, остануваат уште некои мали финеси да се доусогласат во следната недела. Така што, покрај новиот состав на Извршниот Комитет, новите претседатели на општинските комитети, ќе дојдат и освежувања во другите структури на партијата – Унијата на млади сили, Унијата на жени, на ветерани, Патриотскиот институт, рече Мицкоски.
Тој очекува најдоцна следната недела да се заврши со тоа.




