Премиерот Христијан Мицкоски при увидот на градежните активности на Универзална Сала одговараше на ноивинарски прашања. Тој даде свое видување за цените на дизелот и враќањето на ДДВ- то на 18%.

-Не мислам дека е преуранета, напротив Македонија како држава веќе два месеци е пример за начинот како се справуваме со оваа енергетска криза. Ова е увезена криза поради геополитичките случувања. Ние сме една од ретките држави која што направи ваква робусна мерка веднаш и со тоа успеја да го задржи нивото на едни пристојни граници. Според нашите калкулации, јас очекувам дека денес повторно дизелот ќе поевтини, за 2 до 2,5 денари, бидејќи минатата недела просекот берше таков на плац во Флоп Италија што за нас претставува репер берза, изјави Мицкоски.