Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски одговајќи на новинарско прашање по однос на Оперативниот план кој што го донесе Владата денеска истакна дека од септември ќе има уште еден повик за самовработување на млади лица.

-Го донесовме Оперативниот план за вработување на 16 илјади лица кои се работоспособни, но невработени. Од нив очекуваме 65% да бидат млади, односно наши сограќани на возраст до 29 години кои што во зависност од тоа дали ќе имаат компанија по принципот друштво со ограничена одговорност со едно лице или друштво со ограничена одговорност ќе добиваат грантови. Ако е ДООЕЛ ќе добиваат грантови до 10 илјади евра, ако е ДОО ќе добиваат од 13 до 20 илјади евра во зависност од тоа колкумина ќе се здржуваат. Мислам дека ова е исклучително квалитетен чекор напред. 40 милиони евра се предвидени околу 2 милијарди денари, ги повикувам апликантите да се пријават на огласот, а од септември да очекуваме уште еден повик во кој што пофторно млади до 29 години за стартап бизнис идеи. Ќе биде формирана посебна Комисија кое што тоа ќе го оенува.