Мотивирани сме, не мотивира поддршката на народот која што секојдневно ја добиваме и цениме дека успешно ќе се справиме со сите предизвици коишто ќе се испречат на нашиот пат во реализирање на нашата крајна цел, порача денеска претседателот на ВМРВО ДПМНЕ од Штип, каде што традиционално партијата ја завршува кампањата со митнизи, а денеска поради пандемијата со средби со граѓани. Мицковски забележа дека по средбите со младите, здравствените, културните работници и реалниот сектор е задоволен од сето она, какошто рече, ВМРО-ДПМНЕ го има вклучено во овие илјада решенија содржани во 360 страници на проектот „Обнова“.
-Тоа се чувствуваше впрочем и од првиот ден уште од Охрид, но еве потврда и од тука од Штип дека поддршката е голема. Поддршката е голема за реформите коишто ги предвидува ВМРО-ДПМНЕ илјада решенија, јас би сакал уште дополнителни илјада решенија на проблеми да вклучиме во овој четиригодишен мандат, но најпрвин ќе треба да отпочнеме, да видиме сето она кое што ќе го затекнеме, а информациите се дека навистина ситуацијата е многу лоша, вели Мицковски.
Забележа дека денеска е последен ден од кампањата, а измините 19 дена на средбите со граѓаните низ Македонија биле прекрасни.
-Нас навистина тоа не мотивира да истраеме во оваа наша битка и ценам дека ќе успееме и дека ќе направиме една поинаква Македонија споредено со ова денеска што го имаме – понижена и омаловажена. Но, тоа е завршена работа. За два дена од денеска ќе победи новата Македонија и македонските граѓани ќе може да се радуваат, вели Мицковски.
Прашан доколку по 16 јули коалицијата на ВМРО ДПМНЕ победи на парламентарните избори, како ќе ги реализира проектите, кога државната каса е празна, Мицковски со одговор дека буџетот не се полни онаа динамика која што е предвидена, поради какошто рече лошите политики, калкулантските политики. Најави дека една од првите мерки кои би ги презел е ребалнас на буџетот.
-Ние имаме заменик технички министер од Министерството за финансии, со Гордана практично на дневна основа комуницираме и ги анализираме погрешните потези коишто ги влече ресорниот министер. За жал, поради својата надменост и би рекол примитивизам сето она кое што доаѓа како предлог од наша страна се одбива, но добро на тој начин тие предлози ќе ги сочуваме за нас и после 15 јули ќе можеме да ги аплицираме и да ја видат разликата помеѓу нивниот примитивизам и надменост и вистинската работа во интерес и за интересите на граѓаните, вели Мицковски.