Ќе разговараме за она кое што е актуелно, ќе разговараме за тоа што е направено изминативе три години од страна на ова раководство на СДСМ предводено од Зоран Заев т.е да бидам попрецизен тоа што не е направено, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој денеска е во посета на Општина Струмица заедно со потпретседателот Александар Николоски.
-Ќе се обидеме да презентираме дел од проектите кои што планираме во периодот кој што следи да ги реализираме, да ја претставиме практично обновата која што доаѓа, да ја пренесеме онаа енергија која што се чувствува секаде низ Македонија и овде во Струмица, морам да кажам дека впечатокот е одличен. Јас сум оптимист за една голема победа која што ќе се случи на 15 јули, народот заедно со Коалиција „За Обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги испрати во историјата овие неуспешни политичари кои што три години ја држат во заложништво Македонија.
Така што, еве да не должам, да сумирам им посакувам многу среќа и здравје пред се на Струмичани, да се чуваат бидејќи ова се предизвикувачки времиња, а ние сме тие кои што колку може ќе внимаваме во вој предизборен период, но ВМРО-ДПМНЕ е партија од народот и никако не може да води кампања позади сметачките машини, позади екраните, туку ВМРО-ДПМНЕ ќе биде заедно со народот и во следните 25 дена и во оние 20 дена кои што ќе бидат дел од кампањата, така што очекувајте не, тука сме со народот колку може ќе бидеме заштитени, ќе ги почитуваме оние протоколи за заштита на здравјето на граѓаните.