Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на својот фејсбук профил напиша дека е позитивен на коронавирус.

„Би сакал да ве известам дека и покрај сите мерки кои што се превземаа од моја страна за моја лична и заштита на луѓето околу мене, сепак не успеав да се себезаштитам од Ковид 19. Искрено се надевам дека вирусот го немам пренесено никому.

Денешното тестирање покажа позитивен резултат. Клиничката слика е добра, со благо покачена телесна температура и без потреба од хоспитализорање.

Ова е доказ дека вирусот не смее да се потцени и дека мора секој од нас да внимава. Чувајте се и чувајте ги другите околу вас“, напиша Шилегов.