Денеска премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со претставници на Занаетчиската комора на РСМ, како и со претставници од фризерско-берберската и козметичката секција.
На средбата е отворено разговарано за предизвиците со кои се соочуваат занаетчиите, нивните предлози и идеи, како и за можностите за подобрување на условите за работа и развој на занаетчиството.
– Дијалогот со луѓето од реалниот сектор е важен за создавање конкретни и одржливи решенија, изјави премиерот.




