Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека доколку господинот Мицотакис ја отвори темата за Договорот од Преспа, тој ќе репреговара со грчката страна и не така монополизирано, како што, според него, тоа го правеше двоецот Заев -Димитров, туку навистина со сериозна екипа позади себе со експерти кои што само ќе му донесат додадена вредност на овој народ и на оваа држава.

-Ако биде ракавицата фрлена ние ќе ја прифатиме, ние имаме став дека овој договор е штетен и капитулантски за Република Македонија. Ние имаме голем број компликации при имплементација на овој договор, гледаме што се случува и големиот број политички приотисоци, тоа е резултат на егзибиционизмот на нашата Влада, вели Мицкоски.