ВМРО ДПМНЕ поднесе иницијатива за распуштање на Собранието на 12 ти февруари. Христијан Мицкоски ја потврди оваа информација дека неговата партија поднела иницијатива за распуштање на Собранието.

Мицковски додаде дека денеска иницијативата е доставена до претседателот на Собранието Талат Џафери.

Овие изјави тој ги кажа пред новинарите по средбата во Стопанската комора, и ги повика сите партии да дадат поддршка за распуштање на Собранието на 12 февруари. Тој посочи дека „некој сака да го одложи расуштањето на Собранието за да може да протурка уште неколку тендери и плаќања додека е функционална техничката Влада”.

– Ним не им е битна содржината и квалитетот на предлог законот за јавно обвинителство, туку сакаат да го одложат распуштањето на Собранието, бидејќи со неговото распуштење завршуваат ингеренциите на техничката Влада. До моментот на распуштањето целта им е да се заврши уште некој тендер и да се исплати уште некоја фактура – рече Мицкоски.

Според него, квалитетен закон за јавно обвинителство можат да направат само луѓето кои го посветиле животот на тоа како што се експертите предложени од ВМРО-ДПМНЕ.