Премиерот Христијан Мицкоски смета дека критиките на опозицијата насочени кон него во врска со пожарите се затоа што опозицијата мисли дека така ќе добие политички поени и поддршка кај граѓаните.
-Дури и да е сето тоа точно тие што го кажуваат, а ништо не е точно, се поставува вистинското прашање: „Што прават тие за да помогнат во процесот“? Тие не прават ништо. Тие се занимаваат со некрофилија, со конструкции и лаги. Но тие ќе продолжат бидејќи немаат програма, немаат визија, немаат идеја. Ние имаме јасна програма, јасна стратегија како треба понатаму да работиме чесно, одговорно, посветено. Ќе се бориме и како што кажав многу пати до сега, ќе победиме на крај, рече Мицкоски.
Премиерот информира дека пожарите во Трубарево и Вардариште се целосно под контрола.
-Ги добив резултатите од Институтот за јавно здравје, сите параметри се во рамките на дозволеното. Во Дрисла е при крај, денеска завршува затрупувањето со земја на малиот дел кој димеше иако повеќе од 90% уште во понеделникот беше завршена таа активност. Состојбата е под контрола, порача Мицкоски.