Добро е што владејачкото мнозинство го прифати предлогот кој го дадов вчера за приоритетно гласање на четирите закони за помош на стопанството и граѓаните, иако таа поддршка е мала и до сега недоволна, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, откако пратениците од власта и опозицијата најдоа решение за петтиот пакет економски мерки.
– Се покажа дека власта има мнозинство само да си го продолжи својот мандат, но не и да носи закони за граѓаните. Ова е разликата помеѓу борбата за лични интереси која ја застапуваат борците за провизии од власта, и борбата за интересите на граѓаните на чија страна ќе бидеме секогаш – напиша Мицкоски на Фејсбук.