Сите лидери на политичките партии се едногласни за укинување на Техничката влада и за законот за „Сејф сити“, изјави денеска премиерот Христијам Мицкокси по завршувањето на лидерската средба.

-Она што за мене претставува моментално, акутно и за кое што во најскоро време треба да се најде решение, а мислам дека денеска на овој состанок успеавме да најдеме своевиден компромис, тоа е законот за прекршоци, да може „Сејф сити“ или Безбеден град да започне да функционира од први февруари онака како што е предвидено. Со носењето на овој закон, ќе повторам кој што е двотретински и за истиот не е потребно бадентерово мнозинство туку е двотретински закон. Мислам дека сите претставници денеска се согласивме, изјави премиерот.

Премиерот Мицкоски во однос на Техничката влада, смета дека таа треба да замине во минатото.

-За Техничката Влада, сите денеска присутни се согласивме, имаше сугестија од еден од присутните да се направи консултација со меѓународната заедница. Но генерално сите се согласивме дека Техничката влада треба да замине во минатото. Мислам дека треба да покажеме одговорност и пред меѓународната заедница дека сами можеме да носиме зрели одлуки, па така за мене ова е зрела одлука и мислам дека Тхничката влада треба да заминине во минатото, дециден е Мицкоски.