Заедно со потпретседателот Александар Николоски остваривме средба со амбасадорот на Република Австрија, Георг Вуцас.

На средбата разговаравме за актуелните политички случувања во Република Македонија, македонската европерспектива, стратешките определби на државата и предизвиците со кои се соочува Македонија.

Потенцирав дека основната стратешка определба на ВМРО-ДПМНЕ и Република Македонија е членството во Европската Унија, односно европеизација на нашата држава и достигнување на западните стандарди.

Во однос на предизвиците со кои се соочува нашата држава ги посочив криминалот и корупцијата на високи државни и партиски функционери на власта. Неказнивоста на случаите на висока корупција е голем проблем ги напоменав Рекет 1, Рекет 2 и други случаи на висока корупција за кои се уште нема правна завршница. За да се врати владеењето на правото во Македонија истакнав дека потребни се суштински реформи во правосудниот систем, реформи кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги спроведе кога ќе ја преземе власта во Македонија.

Соговорниците се согласија дека се одлични односите помеѓу двете држави и дека постои простор за натамошно продлабочување на соработката помеѓу Република Австрија и Република Македонија. Истакнав дека Австрија е голем пријател на Македонија и дека токму тоа се потврдува во овие клучни моменти за македонската европерспектива.

Христијан Мицкоски на ФБ