Христијан Мицкоски со мини економска анализа на ФБ, потсети на една изјава на Зоран Заев, кој во интервју изјави дека можел да му држи лекции по економија на опозицискиот лидер.
Три години подицна, Мицкоски сумира „што научил“:
„Ако ги споредиме годините на минатата Влада на ВМРО-ДПМНЕ со овие на СДСМ, заклучокот е дека со Владата на Заев се задолжуваме, но економијата паѓа. Разликата помеѓу растот на БДП и растот на јавниот долг во време на ВМРО-ДПМНЕ е 1,292 милијарди €, а во периодот на владата предводена од СДСМ, разликата помеѓу растот на БДП и растот на јавниот долг е -968 милиони €.
Еве подетално:
Зоран Заев на 7 април 2018 година, во интервју за МИА, ќе изјави: “лекција од економија Мицкоски може да добие кога сака…”. Нешто повеќе од 3 години поминаа од тогаш, ова се резултатите од лекцијата:
Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, период 1 јануари 2007 – 31 декември 2016 година
⁃ раст на бруто домашен производ: 4,185 милијарди €;
⁃ раст на јавен долг: 2,893 милијарди €;
⁃ просечен годишен раст на бруто домашен производ: 3%.
Влада предводена од СДСМ, период 1 јануари 2018 – 31 декември 2020 година
⁃ раст на бруто домашен производ: 0,728 милијарди €;
⁃ раст на јавен долг: 1,696 милијарди €;
⁃ просечен годишен раст на бруто домашен производ: 0,53%.
Заклучок: Во периодот од владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, разликата помеѓу растот на БДП и растот на јавниот долг е 1,292 милијарди €, а во периодот на владата предводена од СДСМ, разликата помеѓу растот на БДП и растот на јавниот долг е -968 милиони €. Во периодот од 1 јануари 2007 – 31 декември 2016 имаме додадена вредност, а во периодот 1 јануари 2018 – 31 декември 2020 имаме одземена вредност. Во периодот од 1 јануари 2007 – 31 декември 2016 се задолжуваме но економијата расте, а во периодот 1 јануари 2018 – 31 декември 2020 се задолжуваме но економијата паѓа.
Ако некој имал дилема каде завршуваат парите кои ги позајмува владата предводена од Зоран Заев пред, за време на избори, но и после избори одговорот е во три збора: криминал, корупција и поткуп.
П.С: Слабо со лекцијата за економија, држете се до лекцијата евро за евро, тука сте најсилен, но за кратко…, а потоа следи одговорност!