Христијан МИЦКОСКИ
Имав средба со премиерот на Република Бугарија, Кирил Петков.
На средбата разговаравме за актуелните состојби врзани за односите на двете земји.
Се задржав на истите позиции кои се и претходно јавно познати.
Она што беше посочено е потребата за градење на доверба, отворени односи и поврзување на теми и области каде е можна меѓусебна соработка и заеднички бенефит за граѓаните од двете држави.
Беше посочена потребата за соработка на темите кои ќе обезбедат иднина, инвестиции во образованието, науката, Коридорот 8 и други проекти важни за двете земји.
Наместо блокади, потребни се мостови, отворени односи и взаемно почитување.