На пат кон Турција и средбата со претседателот Ердоган денес, ја добив одличната вест која ја најавив и претходно, односно потврдата дека Македонија го достигна историски највисокото ниво на странски директни инвестиции, напиша на Фејсбук претседателот на македонската влада, Христијан Мицкоски.
Во 2024 година, вкупните директни инвестиции во земјата изнесуваат 1 милијарда и 255 милиони евра, а растот во последниот 4ти квартал на минатата година од цели 400 милиони евра што за Македонија и регионот е најдобар економски резултат. На овој успех се радувам особено затоа што сите знаеме каков економски пустош и запоставеност во секоја област затекнавме. Ќе продолжиме макотрпно да работиме за секој еден граѓанин, и да ја развиваме економијата обезбедувајќи заедничка иднина. Само со работа, успеси и визија Македонија станува повторно ваша, истакна Мицкоски.